Македонија


Брзопотезен турнир на ШСГС - Распис

Во организација на Шаховскиот Сојуз на Град Скопје, а по повод изборот на Горан Главинац за нов претседател на Сојузот, на 08 јуни во 18 часот ќе се одржи Брзопотезен турнир. Право на учество имаат сите шахисти а уписнината изнесува 200 денари. Турнирот ќе се одржи во просториите на ШК Гамбит Асеко-Сее. 

За повеќе информации прочитајте го Расписот за турнирот.





Првенства на Македонија за млади - Распис

На 15 јуни во Скопје, во просториите на ШК Гамбит Асеко-Сее, ќе започнат Првенствата на Македонија за млади за 2013 година. Првенствата во категориите до 08, 10 и 12 години ќе се одржат од 15 до 20 јуни, додека првенствата во категориите до 14, 16 и 18 години ќе се одржат од 23 до 28 јуни.  

За подетални информации симнете го официјалниот Распис.

Нема коментара:

Постави коментар